(ВИДЕО) Спортски игри по петти пат, над 700 натпреварувачи од 11 земји ќе се натпреваруваат во Велес

Велес од 1 до 6 јуни повторно ќе биде во знакот на спортот и дружењето. Јубилејното петто издание на „Спортските игри“ ќе донесе повеќе од 700 натпреварувачи од Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Америка, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија, кои ќе ги одмерат силите во одбојка на песок, 3х3 баскет, мал фудбал и тенис.

Zito baner

Главното место на случувањата ќе биде Градскиот парк во Велес, каде во текот на шесте дена се очекува богата спортска атмосфера, голем број посетители и настапи на познати спортски имиња. За љубителите на спортот кои нема да можат да присуствуваат во живо, организаторите најавија директни преноси од натпреварите преку YouTube каналите на организацијата.

Agria

На денешната прес-конференција присуствуваа Бубе Црвенпанов, дел од организацијата на „Спортските игри“, градоначалникот на Велес Марко Колев, Жарко Спасовски од организацијата на турнирот во мал фудбал и Трајче Миланов од организацијата на одбојката на песок.

Црвенпанов истакна дека за него претставува чест и задоволство што оваа спортска манифестација прераснала во јубилејно петто издание.

– Посебно сме горди што од година во година интересот расте. Оваа година очекуваме рекордно учество со над 700 натпреварувачи, повеќе од 100 странски учесници, како и фудбалска екипа од Турција која ќе настапи на турнирот во мал фудбал – истакна Црвенпанов.

Организаторите најавуваат квалитетни натпревари, богата програма и вистински спортски спектакл кој повторно ќе го направи Велес центар на спортските случувања во регионот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: