СВР Велес со засилени контроли поради опасноста од пожари, апел до граѓаните за внимателност

СВР Велес информира дека се спроведуваат засилени теренски активности за заштита од пожари на отворен простор. Патролни тимови секојдневно се распоредени на различни локации на подрачјето на СВР Велес, со цел превенција и навремено реагирање при евентуални ризици.

Zito baner

Од полицијата посочуваат дека целта на контролите е зајакнување на комуникацијата и соработката со населението, како и подигнување на свеста кај граѓаните за совесно и одговорно однесување во периодот кога опасноста од пожари е зголемена.

Agria

СВР Велес апелира до граѓаните, особено до земјоделците, внимателно да ги извршуваат земјоделските активности и да избегнуваат палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви, бидејќи тоа може да доведе до појава и ширење на пожари.

Од СВР Велес ги повикуваат граѓаните навремено да пријавуваат случаи на несовесно однесување кои можат да предизвикаат пожар, со цел брза реакција на надлежните институции.

Полицијата потсетува дека предизвикувањето пожар претставува кривично дело за кое следуваат соодветни законски санкции, вклучително и затворски казни.

„Во летниот период, кога поради високите температури расте опасноста од пожари од невнимание, потребна е особена внимателност и одговорно однесување од сите граѓани“, апелираат од СВР Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: