Педесетгодишен жител на село Бузалково е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Сараевска“ во Велес.
Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила на 30 јуни околу 18:30 часот, кога трактор „ИМТ“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50), излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница Велес.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Велес, а причините за излетувањето на тракторот допрва ќе се утврдуваат.






















