Тројца скопјани украле поголема количина роба од објект во Велес, полицијата ги пресретнала на излез од градот

Тројца жители на Скопје се приведени откако, според полицијата, украле поголема количина роба од деловен објект во Велес, но не успеале далеку да избегаат бидејќи биле пресретнати од полициски патроли, а украдените предмети биле пронајдени во нивното возило. Од СВР Велес информираат дека на 11 јули околу 12:30 часот биле лишени од слобода С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје.

Zito baner

Претходно, 39-годишна велешанка, вработена во објектот, пријавила дека забележала две машки лица како излегуваат со поголема количина роба. Кога се обидела да ги запре, тие побегнале, влегле во автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички и го напуштиле местото.

Agria

По брза реакција, полициски службеници го запреле возилото, управувано од С.С., во кое како сопатници биле М.Х. и Б.Ј. При извршениот преглед, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Тројцата биле приведени во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Велес.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: