32-годишен велешанец вечерва е повреден во сообраќајна несреќа, која се случи околу 21:30 часот, на главната велешка улица „Благој Ѓорев“, во близина на бутик Бос. Повреденото момче управувало со мотор и се судрило со автомобил.
Екипа на итната медицинска помош добила повик за сообраќајката околу 21:40 и веднаш излегла на местото на несреќата.
„Повредениот мотоциклист во моментот на прегледот беше свесен и контактибилен. Се пожали на болка во главата. Има видливи повреди на десната страна на челото, со оток на десниот очен капак. Тој е имобилизиран и транспортиран во велешката болница за монатамошно иследување“, рече др. Васе Пановска Поп Стефанова, началник на Итната медицинска помош.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата.
Фото: архива
Можеби ќе ве интересира: