Велешанката Бојанка Џипунова-Ташова меѓу најдобрите наставници во Македонија

Велешанката Бојанка Џипунова-Ташова од ООУ „Васил Главинов“ – Велес е прогласена за една од најдобрите наставници во основното образование во одделенска настава за учебната 2025/2026 година.

Zito baner

Признанието ѝ беше доделено денеска, по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, на свеченост организирана од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, на која беа наградени тринаесет најдобри наставници од предучилишното, основното и средното образование.

Agria

Џипунова-Ташова е избрана меѓу најдобрите во категоријата одделенска настава во основното образование, со што уште еднаш се потврдува посветеноста и професионалноста на просветните работници од Велес.

Признанијата ги доделија министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и претседателката на Сојузот на просветни работници, Жаклина Ристовска. Во своето обраќање, министерката Јаневска им го честиташе празникот на сите наставници и изрази благодарност за нивниот труд, трпение, знаење и посветеност во образовниот процес и во воспитувањето и обликувањето на младите генерации.

5 Октомври е ден посветен на сите просветни работници кои со својот професионален пристап, знаење и посветеност ги образуваат и инспирираат новите генерации. Признанието за Бојанка Џипунова-Ташова претставува признание и за нејзината работа со учениците, но и убаво признание за велешкото образование.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: