Во петок второ авионско прскање против комарци во Велес, пчеларите да ги заштитат пчелите

Avionsko prskanje protiv komarci

Општина Велес информира дека второто авионско третирање против комарци ќе се изврши на 10 јули (петок), во раните утрински часови. Доколку временските услови не дозволат прскањето да се реализира, акцијата ќе биде одложена за првиот нареден ден со поволни временски услови.

Zito baner

Со третирањето ќе бидат опфатени целото градско и приградско подрачје на Велес, како и потегот долж реката Вардар од северно од село Башино Село, низ градот, до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. Во опфатот се и Езеро Младост, село Отовица, месноста Јарбош, како и западниот дел од населбата Превалец, населбата Керамидна, просторот кон фабриката „Киро Ќучук“ и село Горно Оризари.

Agria

Од Општината соопштија дека и годинава ќе биде третирано рекреативното подрачје околу Езеро Младост, заедно со неговата непосредна околина.

Истовремено, до пчеларите е упатен апел навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на авионското третирање.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: