Возел „ауди“ без возачка дозвола, полицијата му го одзеде возилото

Триесет и осумгодишен жител на селото Горно Јаболчиште, општина Чашка, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува автомобил без воопшто да има стекнато право на управување со моторно возило.

Zito baner

Инцидентот се случил на 25 јуни околу 18 часот на локалниот пат меѓу селата Сливник и Чашка. При сообраќајна контрола, полициски службеници од Полициското одделение Чашка сопреле патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Х.М. (38) од селото Горно Јаболчиште.

Agria

„На 25.06.2026 во 18:00 часот на локалниот пат село Сливник – Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Х.М.(38) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило ‘ауди’ со велешки регистарски ознаки, управувано од него, при што било констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.“, информираат од СВР Велес.

По извршените проверки било утврдено дека возачот управувал со возилото пред да се стекне со право на управување. За случајот бил известен јавен обвинител, а возилото било одземено.

 

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: