Малолетната М.Е. (14) од Велес, која се оддалечила од семејниот дом вчера, се врати безбедно кај семејството, соопшти Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес.
Според информациите, на 1 јуни 2025 година во 17:30 часот, мајката на детето А.Е. (46) пријавила во полицијата дека нејзината ќерка се оддалечила од домот. Во пријавата е наведено дека постои сомневање дека 14-годишното девојче е во друштво со лицето С.У.
Полициските служби веднаш презеле мерки за пронаоѓање на малолетната, а денеска на 2 јуни во 15:00 часот, таткото Е.У. од Велес го известил СВР Велес дека неговата ќерка се вратила во семејниот дом.
Случајот е успешно затворен, а малолетната е безбедна кај своето семејство.