Триесет и седумгодишна жителка на Градско е приведена откако нападнала полициски службеник додека тој извршувал службени задачи.
Инцидентот се случил на 26 јуни околу 19:50 часот на улицата „Александар Македонски“ во Градско, каде полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода М.О.Ш. (37) од Градско. Според информациите од полицијата, таа со тврд предмет нападнала полициски службеник за време на извршување на службени задачи.
Од СВР Велес информираат дека жената веднаш била приведена во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
„На 26.06.2026 во 19:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ја лишија од слобода М.О.Ш.(37) од Градско, затоа што на улица „Александар Македонски“ во Градско, со тврд предмет нападнала полициски службеник при извршување на службени задачи. Таа била приведена во полициска станица и известен бил јавен обвинител, а по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.
По целосно документирање на случајот, против осомничената ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

























