![](https://batali.mk/wp-content/uploads/image-977.png)
Марјанчо Николов е кандидатот на СДСМ за градоначалник на Велес, објави доцна синоќа порталот 24инфо, повикувајќи се на неофицијални извори во партијата. Ова доаѓа по синоќешната седница на извршниот одбор на владејачката партија, на кој требаше да се уврдат имињата на преостанатите кандидати за градоначалници, кои ќе ја трчаат изборната трка на локалните избори закажани за 17 октомври.
Според најавите, партијата треба денеска и официјално да соопшти имиња на поголем број кандидати за градоначалници, меѓу кои и кандидатот за Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Марјанчо Николов поодамна се споменува во велешката јавност, како еден од можните кандидати за градоначалник, заедно пратеникот Ненад Коциќ, претседателот на Советот на Општина Велес Кирил Гајдов и првиот човек на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион Игор Андреевски.
Содржината продолжува под рекламата
Николов, кој еден ден после гласањето во првиот круг на локалните избори ќе наполни 50 години е член на СДСМ повеќе од 25 години. Поминал низ речиси сите тела на партијата, а извршувал и неколку значајни функции на локално и на државно ниво. Тој бил секретар на Општинаската организација на СДСМ во Велес, па нејзин претседател, а бил член и на Извршниот одбор на СДСМ.
Како носител на листа, на локалните избори во 2005 година, Николов станува претседател на Советот на Општина Велес. На парламентарните избори во 2006 година избран е за пратеник во Собранието на Македонија, каде што се задржува 10 години и е повторно избиран на уште четири последнователни изборни циклуси, во 2008, 2011 и 2014 година.
Пред еден месец ВМРО ДПМНЕ го објави, а пред една недела и го утврди Марко Колев како свој кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
Можеби ќе ве интересира: