Со одигрувањето на последното, седмо коло од Општинската фудбалска лига – Велес, екипата на Младост се искачи на врвот и стана есенски првак. Иако тимовите на Врановци и Согле сè уште треба да го одиграат својот заостанат натпревар, победата на Младост од 0:2 над екипата на Раштани беше доволна да ја обезбеди првата позиција по есенскиот дел.
Форца Нова имаше убедливо издание и со високи 5:1 го совлада тимот на Согле. Домашниот состав доминираше од самиот старт, не дозволувајќи му на противникот да се врати во игра. Возбудување имаше и во Градско, каде Локомотива успеа да слави против Горски со 2:1. Натпревар исполнет со борбена игра и шанси на двете страни, но домашниот тим беше попрецизен во клучните моменти.
Со ова коло завршува есенскиот дел од првенството, а продолжението напролет ветува интересна борба за титулата и завршните позиции.
| ПОЗ | ТИМ | ОДИГ | ПОБ | НЕР | ПОР | ГОЛ/РАЗ | БОД |
| 1 | МЛАДОСТ 1976 | 6 | 5 | 0 | 1 | 19/11 | 15 |
| 2 | ВРАНОВЦИ | 5 | 4 | 0 | 1 | 16/6 | 12 |
| 3 | ФОРЦА НОВА | 6 | 4 | 0 | 2 | 20/11 | 12 |
| 4 | СОГЛЕ | 5 | 3 | 0 | 2 | 9/10 | 9 |
| 5 | ТИМ ЛОКОМОТИВА | 6 | 2 | 0 | 4 | 8/18 | 6 |
| 6 | ГОРСКИ | 6 | 1 | 0 | 5 | 9/14 | 3 |
| 7 | РАШТАНИ СПОРТ | 6 | 1 | 0 | 5 | 7/18 | 3 |

















