Светата Македонска православна црква во првата недела од октомври со особена почит и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со својот богоугоден живот и духовните дела оставиле неизбришлива трага не само во историјата на македонскиот народ, туку и во христијанскиот свет.
Македонските светители, со своите дела на вера, љубов и пожртвуваност, станале пример за духовно возвишување и преданост кон Бога, добивајќи ги вечните венци на славата.
Овој период е значаен и поради одбележувањето на 40-годишниот јубилеј од епископската служба на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, кој со децении ја предводи Македонската православна црква и придонесува за зачувување на православната вера, духовната традиција и црковното единство.





















