По магливото утро на одделни места, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и слаб ветер од северозападен правец кој особено ќе биде изразен во југоисточните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до два Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од седум до 14 степени.
Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно и тивко со појава на магла во делови од котлината. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до осум Целзиусови степени.
















