Пет медали освоија борачите од Велес, преставувајќи го градот од ООУ „Панко Брашнаров“, сите членови на БК Борец, на Државното училишно првенство“ во борење слободен стил за момчиња и девојчиња, ученици од основните учулишта во Македонија.
На првенството зедоа учество околу 150 борачи/ки, ученици, а Велес беше претставуван од пет борачи, и тоа Ангела Перчинкова, Ангел Перчинков, Игор Алексов, Ќамуран Шакиров и Марко Ќулумов и достојно го преставија градот, училиштето и клубот.
„Државното училишно првенство“ во борење слободен стил за момчиња и девојчиња, ученици од основните учулишта во Македонија се одржа вчера во Штип во салата на ОУ „Тошо Арсов“, во организација на Училишната Федерација на Македонија а со техничка организација од Б.К,,Балканец”, .
.