Превалец рутински до нови три бода, „тројка“ за Млекар и скок на третото место

Екипата на Превалец без поголеми проблеми ги освои трите бода на домашен терен, совладувајќи го последнопласираниот Млекар со убедливи 3:0.

Zito baner

Велешкиот тим уште од самиот старт ја презеде контролата врз натпреварот, а резултатот го отвори Филип Мијалковски во 9. минута. Превалец продолжи со офанзивна игра, но вториот гол пристигна дури на стартот од второто полувреме. Ордан Нешов во 52. минута зголеми на 2:0 и практично го реши прашањето околу победникот.

Agria

Конечните 3:0 ги постави Марио Панев во 74. минута, за сигурна победа и нови три бода за домашниот состав.

Со оваа победа Превалец стигна до девет бода и се искачи на третата позиција на табелата, потврдувајќи дека убедливиот пораз од ГФК Победа на стартот на сезоната бил само лош ден.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: