Студентите ја креваат Србија на нозе, вечерва голем протест во Белград

Белград денеска повторно ќе биде во знакот на студентските протести, откако движењето „Студенти во блокада“ најави масовен собир на плоштадот „Славија“, каде се очекува присуство на граѓани од повеќе градови низ Србија.

Zito baner

Според најавите на организаторите, собирањето ќе започне на неколку локации во српската престолнина, по што колоните ќе се упатат кон „Славија“, каде главниот протест е закажан за 18 часот. Студентите порачаа дека целта е да се покаже „заедништво и истрајност“ во борбата за политички и општествени промени.

Agria

Дел од српските опозициски движења и граѓански организации веќе најавија организирано доаѓање во Белград, а според српските медиуми, се формираат колони возила од повеќе градови низ земјата.

Протестите се продолжение на студентските и антикорупциски демонстрации кои со месеци се одржуваат во Србија, а кои започнаа по трагедијата во Нови Сад и барањата за одговорност од институциите.

Организаторите преку социјалните мрежи ги повикаа граѓаните масовно да излезат на протестот, со порака дека „гласот најсилно се слуша кога сите се заедно“.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: