Во македонското здравство недостасуваат најмалку 1.000 лекари, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари за Гласот на Америка.
„Во Македонија итно и без одлагање се потребни минимум 1.000 лекари, барем до крајот на следната година“, рече Таравари.
Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело.