Педесет и петгодишен велешанец бил лишен од слобода откако при сечење дрво во дворно место на улицата „Ризо Ризов“ во Велес, дел од дрвото паднал врз 66-годишна жена и ја повредил.
Според информациите од СВР Велес, настанот се случил на 15 септември во 19 часот, кога полициски службеници го лишиле од слобода З.А. (55) од Велес.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од полицијата информираат дека по целосното расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.





















