Трагедија во Хрватска: Македонски државјанин загина во тешка сообраќајна несреќа кај Башка Вода

Македонски државјанин загина денеска во сообраќајна несреќа која се случила околу 13 часот кај Загвозд, во близина на туристичкото место Башка Вода во Хрватска, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на неофицијални информации.

Zito baner

Во тешката несреќа на автопатот А1, во близина на тунелот „Свети Илија“, учествувале патничко возило и комбе, а повеќе лица се повредени. На местото интервенирале екипи на итната помош, пожарникари и хеликоптер за медицинска евакуација.

Agria

Според хрватските медиуми, меѓу повредените има и дете со скршеница на ногата, а полицијата врши увид за утврдување на причините за несреќата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: