Случаите на семејно насилство продолжуваат да се регистрираат во велешко. Најновиот е од вчера, 24 ноември, кога полицијата приведе 34-годишен маж од село во општина Чашка, по пријава дека физички ја нападнал својата 26-годишна вонбрачна сопруга.
Според информациите од СВР Велес, настанот бил пријавен во 13:40 часот, по што полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода Д.М. (34).
За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Семејното насилство останува сериозен проблем, а секој ваков случај повторно ја отвора потребата од навремена реакција и заштита на жртвите.




















