
Велешката компанија „Брако“ денеска во кругот на фабриката го презентираше првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“.

“Веќе направивме пробно возење. Ова е гордост за Велес и за инжињерите на Брако. Едниот тип е првото во светот водородно возило на хидрогенски погон за чистење на улици и произведено е во нашите хали и дело на 60-тината инжињери на Брако, чија просечна старост е под 30 години, а тројца се вратија во Македонија од светските универизтети. Две се веќе продадени во Амстердам и Утрехт и веќе ја обавуваат својата функција. Вториот тип на возило е комплетно развиено во оваа фабрика, како дизајнот, така и повеќето делови како компненти се произведени во овие хали. Тоа не е само монтажа. Ова е едно од најмодерните во својата класа и има најсовремени системи на управување”, рече машинскиот професор.

На настанот бea присутни и премиерот Зоран Заев,
вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски.
Заев рече дека инвестициите на Брако оваа година се во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини за производство на еколошките возила под брендот на „Грин Машинс“.
Можеби ќе ве интересира:
