
Во Битола, составот на Борец со 3:2 го победи Велазерими и ги оствари амбициите, да се врати во Втората лига. Голема беше радоста на велешани, од друга страна голема беше тагата кај сите во клубот од Кичево.
Иако на два пати кичевчани имаа водство, Борец со двата гола на Пеце Стојанов и Александар Јордановски го вратија клубот во Втората фудбалска лига. За Влазерими стрелаа Албулен Имери и Мурат Адили.
https://www.youtube.com/watch?v=2AWzJf4Z9Ow&ab_channel=BataliBe
Во Втората лига во новата сезона покрај новајлиите ќе играат уште Брегалница, Македонија Ѓорче Петров, Арсими, Охрид , Беласица, Вардар Неготино, Башкими, Скопје, Кожуф, Новаци, Осогово, Саса, а се чека уште на баражот меѓу Вардар и Детонит за сите учесници да бидат комплетни.
Можеби ќе ве интересира:















