
За три години на власт направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат, рече Ненад Коциќ, кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од Велес.
„Направивме многу. Економијата расте, а најдобар доказ е тоа што, како резултат на мерките поради корона-епидемијата беа спасени илјадници работни места во државата и се зајакна домашната потрпшувачка. Генерираме економија, која носи повисоки плати, која дава можност за еднаков напредок на сите“, рече Коциќ.
Тој рече дека императивнот на СДСМ и коалицијата „Можеме“ се редот, правдата и дисциплината. Според Коциќ, од другата страна понудата е сосема различна, каде што стои старото ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа е старото ДПМНЕ, малку преоблечено, но во суштина ништо не се разликува од времето на груевизмот. Тоа е партија предводена од незрелиот и неодговорен Мицкоски. Претпладне глумат загриженост за државата, а попладне ги кршат сите мерки за безбедност поради корона – епидемијата, со што го загрозуваат колективното здравје во државата. Мицкоски е збунет политичар, кој е опасност за државата“, рече Коциќ.
#СДСМ #МОЖЕМЕ🔴 За три години направивме пресврт на подобро, државата ја извадивме на прав пат, но можеме уште повеќе и уште подобро во наредните 4 години.🔴 Денеска СДСМ и Коалицијата Можеме ја започнуваат здравствено безбедната кампања преку која на гласачите ќе им ја претставиме нашата понуда за овие избори.
Posted by СДСМ Велес on Wednesday, June 24, 2020
Можеби ќе ве интересира:



















