Во салата Јасмин во Кавадарци почна масовната регионална имунизација против Ковид-19

Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

Zito baner

5100 дози кинески вакцини вчера пристигнаа во Кавадарци. Се е подготвено за старт на масовната имунизација во спортската сала „Јасмин“ за граѓаните од Кавадарци, но и од околните општини Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово до Гевгелија. Директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев апелираа граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk за да добијат термин за вакцинирање.

Agria
Од утре почнува масовна вакцијација во Кавадарци

5100 дози кинески вакцини попладнево пристигнаа во Кавадарци. Се е подготвено за старт на масовната имунизација во спортската сала „Јасмин“ за граѓаните од Кавадарци, но и од околните општини Велес, Неготино, Градско, Росоман, Демир Капија, Валандово до Гевгелија.Директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев апелираа граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk за да добијат термин за вакцинирање.

Posted by КТВ-телевизија on Monday, May 3, 2021

Во меѓувреме бројот на заболени се намалува и со тоа и притисокот врз болниците, по што Главниот координативен кризен штаб предложи од среда полицискиот час да почнува од 23 часот и да трае до 05 часот наредниот ден, а летните тераси и градини на угостителските објекти да работат до 22:30 часот.

Овие предлог-мерки треба да бидат разгледани на следната седница на Влада и би биле со важност од 5 мај 2021 година.

За време на продолжениот викенд вкупниот бројот на заразени продолжи да се намалува, и тоа од 14.747 на 30 април, на 13.915 на 3 мај.

Во истиот период вкупно новозразени беа 746, а оздравени 1.700 пациенти.

Вчера беа регистрирани 62 новозаболени и 398 оздравени пациенти, откако на 2 мај имаше 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, на 1 мај 214 новозаболени и 305 оздравени, а на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени.

Вкупно 200.000 кинески вакцини, кои пристигнаа минатата недела, се дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ во Скопје и регионалните центри во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од денеска со нив ќе почне масовната вакцинација на населението. Здравствени власти најавуваат вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден, и висок процент на вакцинирано население до почетокот на летото.

Министерот за здравство Венко Филипче, по пристигнувањето на 200 илјади вакцини „Синофарм“ во петокот најави дека се очекува да пристигнат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“.

Според Министерството за здравство, согласно вчерашниот ден на инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1.085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.747, бројката на оздравени пациенти е 133.871, на починати е 4.961, а бројот на активни случаи изнесува 13.915.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: