![GRK BOREC](https://batali.mk/wp-content/uploads/rk-prolet-rk-borec-16.09-49.jpg)
Тимот на Борец го забележа и вториот пораз во Првата лига, откако во интересен натпревар беше совладан од тимот на Шампион со резултат 31-33.
Во натпревар со пресврти, во последните пет минути се влезе со предност за Шампион, 27-29, но велешани кога најмалку требаше направија неколку грешки во серија и скопскиот тим се одлепи на 29-33. До крајот Борец само успеа да намали на конечни 31-33.
Најдобри стрелци кај Борец беа Кире Мачавелов со девет голови и Антониј Андовски со осум, додека во победничкиот тим беа Марио Миланов и Никита Стојановски со по осум погодоци, додека Есад Дрпљанин постигна шест.
Можеби ќе ве интересира: