![](https://batali.mk/wp-content/uploads/124573663_363678041510166_5357796221512446826_n.jpg)
Големите музички имиња Каролина Гочева, Влатко Стефановски, Тамара Тодевска, Никола Перевски, преку видео порака порачуваат дека носењето маска значи наскоро отварање на концертни сали, дружење со фановите, но и лична грижа, и одговорност за здравјето на другите.
![Karolina Goceva](https://batali.mk/wp-content/uploads/124549630_426104461724964_3560717968377124866_n.jpg)
Секој еден од нас има одговорност за грижа за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на своите најблиски. Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичко растојание, како и честото миење на рацете, во моментов се единствените мерки кои може да го спречат ширењето на Ковид-19.
Носењето лична заштита на лицето во Македонија е задолжително за граѓаните, за заштита на населението од заразни болест, што ги усвои Собраните. Оваа мерка важи за движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени установи и слично, соопшти Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира: