![Kola prevrtena kaj dolnodukani](https://batali.mk/wp-content/uploads/133683903_2821458774733135_5286378716543804381_n-1.jpg)
Автомобил марка Матиз утрово се преврте на пругата кај месноста Долнодуќани во Велес. Автомобилот излетал од коловозот и паднал на шините од железничката пруга Велес – Гевгелија.
Засега не познато колку патници имало во моментот на несреќата во возилото марка Матиз, ниту како е дојдено до несреќата.
![Prevrtena kola na sini Dolnodukani](https://batali.mk/wp-content/uploads/prevrtena-kola.jpg)
Полицијата во моментов врши увид на местото на настанот, автомобилот со дрезина на Македонски железници беше отстранет од пругат и пренесен кон железничката станица во Велес. По краткиот неколкучасовен прекин, железничкиот сообраќај на пругатa продолжи.
Moжеби ќе ве интересира: