30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Почна вакцинацијата на велешките здравствени работници

vakcinacija-vo-makedonija
vakcinacija-vo-makedonija

Дел од велешките здравствени работници денеска ја примија првата доза од вакцината против ковид-19. Од велешката болница информираат дека вакцинацијата се одвива во модуларната болница на Инфективната клиника во Скопје, а за имунизација се пријавени вкупно 84 здравствени работници вработени во болницата. Останатите вработени ќе се вакцинираат утре.

Zito akcija 640x289px

Од велешката болница информираат дека денеска таму се лекуваат 34 пациенти поради ковид-10, од кои 24 имаат потврдени позитивни тестови, шест се сомнителни и четоврица пациенти со негативен брис, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 10 пациенти. На инфективното одделение има 31 пациент, а на интерното одделени тројца.

Agria

Во последните 24 часа има нови три случаи со коронавирус во Велес, со што од почетокот на пандемијата во овој град се регистрирани 3355 случаи. Од нив, 3019 се излечија, а 109 починаа. Активни се се уште 227 случаи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: