![Pozar selo Slp](https://batali.mk/wp-content/uploads/241711755_159806849632303_5735006814575146851_n-696x392-1.jpg)
Дури вечерава е изгаснат пожарот кој беснееше над железничката станица „Рајко Жинзифов“ на теренот во правец на селата Белештевица и С`лп.
За сега не се откриваат детали околу причините на пожарот, но надлежните институции се сомневаат дека причинител е човечки фактор како и кај останатите пожари.
Содржината продолжува под рекламата
Пожарот во изминатите 24 часа претставувал опасност за селото Карбуниште со петнаесетина куќи, но екипите на ТППЕ Велес, вработени од Дирекцијата за заштита и спасување, и вработени во Шумското стопанство „Бабуна”, навреме го сосекле кракот од пожарот кој се движел во тој правец.
Можеби ќе ве интересира: