Наутро магла по котлините, преку ден облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Veles kaj Blaze Koneski

Денеска ќе имаме продор на влажна и постудена воздушна маса. Наутро ќе има појава на магла и ниска облачност по котлините. Преку ден ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер, информираат од УХРМ.

Минималните утрински температури ќе се движат од – 1  до 6 во , а максималните дневни од 5 до 12 Целзиусови степени.

Agria

Во Велес, наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 4 до 9 степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: