Вчера од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, во Општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари, велешко, со учениците од прво до четврто одделение беше спроведена едукативна работилница на тема ,,Безбедност при одење и враќање од училиште“.
При тоа децата беа запознати со најосновните правила и прописи за нивна поголема безбедност во сообраќајот, но и со можните сообраќајните опасности и ризици на патот до училиштата и назад кон својот дом.
Исто така, на учениците им беше одржано и едукативно предавање на тема ,,Не за користење на пиротехнички средства “, при што преку наменска презентација им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства, како и законските прописи кои го санкционираат недозволеното користење на пиритехнички средства.