Денеска времето во земјава ќе биде студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег. информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус 8 до нула Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од минус четири до седум степени.
Во Велес наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко.