Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Температурите ќе се движат од -3 до 3 степени наутро, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Во Велес, граѓаните претпладне ќе се соочат со магла, но преку ден времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе изнесува 0 степени, додека максималната ќе се искачи до 12 степени.