(ФОТО) Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

Doniran klavir Koco Angjusev 2

Бизнисменот Кочо Анѓушев му донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а настанот беше одбележан со концерт во Македонската опера и балет, каде на инструментот, кој е од  реномиран австриски бренд FEURICHпрв концертираше маестро Симон Трпчевски.

Zito akcija 640x289px

,,Кога слушнав дека Факултетот за музичка уметност последен пат имал нови пијана пред 50 години, таа информација многу ме замисли. За жал, нашата земја никогаш не била доволно богата да може да си дозволи да инвестира во уметноста толку колку што навистина треба и заслужува, вклучително и во образованието на нашите уметници. Решив да купам концертен клавир од мене лично и да го подарам на Музичката академија. И јас сум професор и знам што ќе значи тоа за студентите и за академијата’’-изјави Анѓушев.

Agria

Донацијата беше промовирана со настан во Македонската опера и балет, организиран од амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, во присуство на претседателката Гордана Силјановска Давкова и на министерот за култура Зоран Љутков.

Проф. д-р Анѓушев и компаниите БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ досега имаат донирано во образование, здравство, спорт, проекти за општинска инфраструктура и во верски објекти.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: