Преку ден променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најпрвин во западните, а попладне и кон крајот на денот, низ целата држава ќе има повремени врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од јужен правец.

Zito baner

Според УХМР, земјава ќе биде под влијание на јужно воздушно струење, што ќе донесе постепен пораст на температурите, кои повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Agria

Така, денеска утринската температура ќе се движи во интервал од четири до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум до 16 степени.

Во Велес, според синоптичарите, се очекува слично време – променливо облачно со повремени сончеви период, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: