Екипата на Превалец продолжува со слабите резултати во првенството, откако на домашен терен загуби од Вардар Неготино со 1:3. За велешкиот третолигаш ова е петти првенствен пораз, а во последните шест кола има освоено само два бода.
Превалец добро го започна натпреварот и преку Ристе Станковски го отвори резултатот за водство на домаќините. Сепак, во второто полувреме следуваше целосен пресврт. Дарко Ѓорѓиев во 53. минута израмни на 1:1, а само четири минути подоцна Иван Иванов му донесе водство на гостинскиот тим. Конечните 1:3 ги постави Трајче Најдов во 87. минута, потврдувајќи ја победата на неготинчани.
По десет одиграни кола, Превалец се наоѓа на 11. место на табелата со 11 освоени бодови. Во наредното коло велешани ги очекува гостување кај Борец 1919, во натпревар кој ќе има посебна тежина и ќе важи за своевидно локално дерби.



















