На 14 ноември во 14:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 33-годишна велешанка, постапувајќи по претходна пријава од нејзиниот 36-годишен поранешен невенчан сопруг дека физички го нападнала.
Подоцна, и жената пријавила дека била физички нападната од него.
За случајот бил известен јавен обвинител, а од СВР Велес информираат дека по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



















