Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

oblacno dozd

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 15 l/m2). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Agria

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.

Ќе дува засилен северен ветер, температурите значително ќе опаднат и врнежи од снег се очекуваат и во некои од пониските места.

Во понеделник наместа ќе провејува слаб снег, а утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови локален дожд
Трендафилов ги повика сите политички партии на разговор во „Работничкиот дом“ за идниот раст на платите
Судот определи 30 дена притвор за директорот на Геријатрија