Претпладнево времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека попладне се очекува зголемена нестабилност во одредени региони, проследена со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурите утрово се движат од 6 до 12 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 19 до 26 Целзиусови степени.
Најава за наредните денови
Според прогнозите, од среда следува период на нестабилно време. На повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, локално пообилни, со можност за грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пад.