Нов случај на телефонска измама во Чашка, 74-годишен маж остана без 14.000 евра

pari evra

И покрај повторените апели од Министерството за внатрешни работи (МВР) граѓаните да не наседнуваат на лажни јавувања за наводни сообраќајни незгоди, на 17 септември 2025 година е регистриран нов случај на измама во општина Чашка.

Како што информира СВР Велес, во 21:15 часот, 74-годишен жител на оваа општина пријавил дека бил измамен од засега непознато лице за сума од 14.000 евра.

Agria

Според пријавата, измамникот му се јавил на телефон и му соопштил дека неговата ќерка наводно направила сообраќајна несреќа и дека за да ѝ биде извршена итна операција, потребно е веднаш да се плати значителна сума на пари. Верувајќи во приказната, оштетениот се согласил и ги однел парите на однапред договорена локација.

Набргу по тоа, успеал да стапи во контакт со својата ќерка и сфатил дека станува збор за измама, по што случајот веднаш го пријавил во полиција. МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и повторно апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни и претпазливи при вакви телефонски повици.

Од Министерството потенцираат дека ниту една здравствена или правна институција не бара уплата на пари преку телефон, особено во итни случаи, и дека ваквите повици се класична измама

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: