Жито Маркети инвестира во иднината на младите преку донација на стипендии

Жито Маркети, како општествено одговорна компанија, активно се вклучува во поддршката на образованието и младите, преку донација на 9 стипендии во рамки на програмата за стипендирање на Општина Велес.

Компанијата е донатор на 7 стипендии за средношколци и 2 стипендии за редовни студенти, при што стипендиите ги доделува Општина Велес согласно утврдените критериуми и постапки.

Agria

Со оваа донација, Жито Маркети ја потврдува својата посветеност кон локалната заедница и вложувањето во образованието како клучен сегмент за долгорочен развој. Поддршката на младите е дел од континуираните активности на компанијата насочени кон создавање позитивни и одржливи општествени вредности.

Жито Маркети им посакува успех на сите добитници и верува дека оваа поддршка ќе придонесе кон нивниот личен и професионален напредок.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: