Лишен од слобода возач кој на Штип–Велес возел 121 на место со 50

На регионалниот пат Штип – Велес, кај крстосницата Мамутчево, полицијата вчера попладне „улови“ уште еден возач кој заборавил дека не вози на автопат, туку на делница ограничена од сите страни со знаци, села и луѓе.

Во 16:50 часот, полициски службеници од СВР Велес, со радарска контрола го застанале А.А. (30) од Виница, поради тоа што со својот „поло“ со винички таблици нисел 121 километар на час на место каде што дозволената брзина е само 50.

Agria

Возачот бил лишен од слобода и спроведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: