(ВИДЕО) Ангел Мицевски – Скакар: 65 години верност кон борењето и Борец, признание заживот посветен на спортот

Има спортски приказни кои не се мерат со медали, пехари и победи, туку со години посветеност, љубов и неизмерна верност кон спортот. Една таква приказна е животната и спортската патека на велешката боречка легенда Ангел Мицевски – Скакар, кој годинава е добитник на високото државно признание „8 Септември“ за 2026 година, кое се доделува за исклучителни остварувања и придонес во областа на спортот.

Zito baner

Денес на 82-годишна возраст, Мицевски зад себе има неверојатни 65 години во борењето – исто толку колку што постои и велешкиот боречки клуб „Борец“. Уште како младо момче, во редовите на Железничарскиот боречки клуб „Борец“, го покажува својот талент, а успесите почнуваат да се редат уште од првите спортски чекори.

Agria

Неговото име е нераскинливо поврзано со историјата на велешкото борење и со генерациите спортисти кои минувале низ клубот. Признанието „8 Септември“ е уште една потврда за неговиот долгогодишен придонес, но и повод да се навратиме на почетоците, најголемите успеси, незаборавните моменти и луѓето кои ја граделе боречката приказна во Велес.

Во разговорот со Ангел Мицевски – Скакар се навраќаме на едно време кога борењето не било само спорт, туку начин на живот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: