По иницијатива на компанијата „Маркарт Македонија“ ДООЕЛ, за првпат беше организирана крводарителска акција во просториите на компанијата, со што вработените ја покажаа својата хуманост и подготвеност да помогнат во обезбедувањето на потребните резерви на крв.
Акцијата ја реализираше Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. На акцијата беа собрани вкупно 48 крвни единици.
Особено значаен е податокот што 19 лица за првпат даруваа крв, приклучувајќи се на семејството крводарители и давајќи свој придонес во спасувањето човечки животи.
Во организацијата и реализацијата на акцијата беа вклучени и двајца волонтери на Црвениот крст.
Од Општинската организација на Црвениот крст – Велес упатија благодарност до „Маркарт Македонија“ за иницијативата и покажаната општествена одговорност, како и до сите крводарители кои се вклучија во оваа хумана акција.




















