Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

Tocenje benzin

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година.

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за 0,50 денари по литар и ќе изнесува 70,50 денари. Исто зголемување има и бензинот Еуросупер БС-98, чија нова цена ќе биде 72,50 денари по литар. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) останува со иста цена и ќе се продава за 64,50 денари по литар.

Agria

За 0,50 денари по литар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена исто така ќе изнесува 64,50 денари по литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: