Осум дена притвор за лицето кое го скрши прозорецот на бугарската амбасада во Скопје

policija lisici

Осумдневен притвор за лицето кое го скрши прозорецот на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје, информираа од Основниот кривичен суд.

Притворот е изречен по предлог на Обвинителството, поради опасност од бегство и можност осомничениот повторно да го стори делото.

Agria

Инцидентот се случи на 11 јануари, кога лицето со камен го скрши стаклото на влезната врата на Амбасадата и веднаш го напушти местото.

Случајот предизвика лавина реакции од официјална Софија, а беа испратени и политички пораки до македонската влада.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: