Јаневска потврди: Учениците се враќаат во клупите на 20 јануари

Нема пречки за почеток на второто полугодие од учебната година во сите основни и средни училишта низ земјава, соопшти денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, при посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, одговарајќи на новинарско прашање дали со оглед на состојбата со грипот може да има одлагање на почетокот на наставниот процес.

„Учебната година во сите училишта на територијата на државата почнува на 20 јануари. Вчера имавме изјава од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје дека нема пречки да стартува второто полугодие од оваа учебна година“, рече министерската.

Agria

Министерката апелира до родителите и до учениците да бидат редовни во училиштата и што е можно поретко да отсуствуваат, зашто, како што додаде, сите испитувања и во земјава и во светот покажуваат дека оние што редовно ја посетуваат наставата постигнуваат подобри резултати.

„Апелирам до родителите да престанат со праксата да им ги оправдуваат часовите на децата и да користат одмори по прифатливи за време на учебната година. Децата треба да се од првиот до последниот ден на училиште, освен кога државата, поради некаква поголема сила, ќе одлучи дека тоа не треба да биде така“, додаде Јаневска.

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вчера соопштија дека иако во земјава расте борјот на заборени од грип, сепак на национално ниво вирусот има средна активност, што засега не дава можност да се даваат или да се воведуваат дополнителни мерки, како, на пример, продолжување на зимскиот распуст.

Од почетокот на октомври до 11 јануари има 6 147 заболени од грип. Во земјава доминира грип од типот АХ3. Најголем број на заболени од грип има во Скопје, а потоа следуваат Тетово, Куманово и Охрид.

Само во Берово, Делчево и Пехчево нема регистрирани случаи на грип.

 

 



Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: