Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плус остварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории.
Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа: – Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars) – Лука Димовски & Каја Мирчески – 4 место (WDSF Junior 2) – Драган Трајковски & Дарија Трајкова – 5 место (WDSF Under 21 Latin) Во соло категориите: – Теодора Стојановска – 3 место (WDSF Youth и WDSF Adult) – Елена Псалтиров – 5 место (WDSF Adult) и 6 место (WDSF Youth) – Ана Колевска – 6 место (WDSF Junior 2) – Никита Ангеловски – 2 место (Junior 2 Open) Дополнително, повеќе натпреварувачи се пласираа во четвртфинале во конкуренција од над 80 учесници.
Одличните резултати беа поздравени од претседател на Сојузот на спортски федерации, Мартин Клинчаров. Дел од судискиот панел беа и нашите реномирани судии Верица Василеска и Иван Ангелковски, а натпреварувачите беа придружувани од тренерскиот тим- Огнен Анѓушев и Симона Спировска.
„Овие резултати се потврда дека со континуирана работа и вистинска поддршка, младите спортисти од Македонија можат да бидат конкурентни на највисоко европско ниво. Ова е само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во периодот што следи“, изјави тренерот на Ритам Плус, Огнен Анѓушев, долгогодишен поранешен првак на Македонија во спортски танци, кој е дел и од компанијата Фероинвест.

Учеството на натпреварот беше поддржано од Фероинвест, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите. Компанијата и минатата година поддржа танцов спортски настан во Скопје, со што ја потврдува својата континуирана заложба за поддршка на спортот, младите и нивниот развој.
Инаку, Ритам Плус минатата недела освои и најголем број награди на државното првенство во спортски танци во Скопје

















