Компанијата Жито Маркет продолжува со проширување на својата мрежа, најавувајќи свечено отворање на нов маркет во скопската населба Кисела Вода. Новиот објект претставува уште еден чекор во насока на обезбедување современо, практично и пријатно пазарување за сите семејства.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма подготвена специјално за овој настан, која вклучува дегустации на внимателно одбрани производи, специјални попусти по повод отворањето, како и бројни промоции и изненадувања.
Со отворањето на новиот маркет, Жито Маркет дополнително ја зацврстува својата позиција на пазарот, нудејќи квалитетна услуга и широк асортиман производи, прилагодени на потребите на современото домаќинство.
Од компанијата ги покануваат сите граѓани да присуствуваат на отворањето кое ќе се одржи во сабота 25 април со почеток во 10:00 часот и заеднички да го одбележат овој значаен момент.

Жито Маркети – поблиску до вас. 💚



















